Нови кредити за намалување на невработеноста

Bez autora
Jun 24 2013

Владата денеска преку Агенцијата за вработување ќе распише јавен повик за поволни кредити за микро и за мали претпријатија со цел отворање нови работни места. За оваа мерка, заедно со претходната за кредитирање за самовработување невработени лица, предвидени се пет милиони евра годишно. Aко има голем интерес за повеќе вработувања што би го надминал овој лимит, ќе се зголеми финансискиот план. Секое ново работно место ќе се финансира со по три илјади евра, а најмногу ќе може да се финансираат три нови работни места, односно максималниот лимит на средства што ќе може да се добие е девет илјади евра. Периодот на враќање на средствата е три години со една година грејс-период, со каматна стапка само 1 процент.

Нови кредити за намалување на невработеностаВладата денеска преку Агенцијата за вработување ќе распише јавен повик за поволни кредити за микро и за мали претпријатија со цел отворање нови работни места.

За оваа мерка, заедно со претходната за кредитирање за самовработување невработени лица, предвидени се пет милиони евра годишно. Како што информира на вчерашната прес-конференција портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, ако има голем интерес за повеќе вработувања што би го надминал овој лимит, ќе се зголеми финансискиот план.

Секое ново работно место ќе се финансира со по три илјади евра, а најмногу ќе може да се финансираат три нови работни места, односно максималниот лимит на средства што ќе може да се добие е девет илјади евра. Периодот на враќање на средствата е три години со една година грејс-период, со каматна стапка само 1 процент.

Огласот ќе трае во наредните десет работни дена, кога сите микро и мали претпријатија ќе можат да аплицираат и да ги добијат предвидените средства. Право на учество имаат микропретпријатија кои имаат до 10 вработени и мали претпријатија кои имаа до 40 вработени, но мора да бидат регистрирани во период најмалку од една година, да имаат најмалку двајца вработени во период од три месеци и во изминатите шест месеци да го немаат намалено бројот на вработените. Компаниите кои ќе имаат можност да ги искористат овие средства ќе имаат обврска во период од 36 месеци да не го намалат вкупниот број на своите вработени, односно да го задржат лицето кое го вработиле, а доколку тоа лице биде отпуштено од работа, ќе треба да вработат друго лице.

Во изминатите шест месеци околу 200 субјекти се стекнале со правото да користат ваков вид средства, а бројот на лица кои ќе бидат или веќе се вработени врз основа на оваа мерка изнесува над 250.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik